Познатата милијардерка во солзи открива дека некој близок има корона вирус: „Страшно е …“

2 мај, 20200
1

„Страшно е сознанието дека некој близок има корона вирус“, признава познатата Кајли Џенер.

Кајли Џенер откри во солзи дека некој близок до нејзиното семејство има коронавирус. 22-годишната милијардерка ја совладале емоциите кога во најавата за новите епизоди на “Keeping Up With The Kardashians” спомна дека некој близок до неа е заразен.

„Страшно е сознанието дека некој близок има корона вирус“,  признала познатата реалити ѕвезда, но не откри за кого станува збор.

Кајли пред неколку дена се пресели во нов луксузен дом во Лос Анџелес со нејзината ќерка Сторми и поранешното момче Тревис Скот. За вилата платила вртоглави 36,5 милиони долари, а открила и како е уреден нејзиниот нов дом.

Таа преку својот Инстаграм и го честиташе роденденот на својот бивши маж и татко на нејзината ќерка. “Среќен роденден татко на годината! Полека, но сигурно почнувам да прифаќам дека Сторми е татина девојка. Таа е најубавото, најпаметно и најсмешно дете. Најубавиот подарок. Те сакам засекогаш”, напиша таа во описот на објавите на низа фотографии од Тревис и Сторми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi