Пријателката на Џенифер Анистон се обиде да го заведе Бред Пит

17 јули, 20200
Annotation 2020-07-17 180226

Приказната дека Џенифер Анистон и Бред Пит се повторно заедно сепак остана, на жал на нивните фанови, само шпекулација, а како што пишува магазинот “Globe”, причината поради која не ја обновија романсата е глумицата Рис Витерспун.

Споменатиот медиум веќе неколку пати пишуваше за тоа како Рис го привлекува еден од најпосакуваните ергени. Наиме, моментот поради кој се започнаа овие претпоставки е нејзиниот коментар под една од неговите фотографии на Инстаграм. Изгледа дека токму нејзиниот коментар “и падна во око” на Џенифер, со оглед на тоа дека глумиците со години беа добри пријателки.

“Беа потребни околу 20 секунди за Џен да реагира. Во тој момент беше многу навредена. Сигурно дека тогаш делуваше безопасно, но Џен таквиот коментар го сметаше за непочитување. Беше навистина нервозна бидејќи во еден момент се посомнева дека пријателката веќе некое време и мечтае по поранешниот сопруг”, истакна изворот на споменатиот таблоид, кој тврди дека тоа е само една од ситниците кои доведоа до тоа бившите сопружници да не ја обноват својата романса.  

Иако за споменатиот љубовен триаголник само се претпоставува, не е познато дали дошло до тоа. Многумина сметаат дека ова се само претпоставки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *