ПРИКАЗНА ШТО ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА: „Хари ја принудил Меган да открие за абортусот“

30 ноември, 2020
profimedia-0356261465


Што навистина се крие зад сето тоа?

Откако минатата недела во шокантното писмо откри дека го изгубила своето второ дете во јули годинава, 39-годишната сопруга на британскиот принц Хари, Меган Маркл, останува една од главните теми и на странските и на домашните медиуми. Според најновите пишувања на списанието „Vanity Fair“, иако Меган објаснила во јавното писмо дека сака да го сподели своето искуство за спонтан абортус за да ги отстрани табуата и стигмата од истите, војвотката, наводно, била принудена да стори сé.


Имено, како што објасни дописничката на споменатите медиуми, Кејт Николе, принцот Хари одиграл клучна улога во одлуката на Меган да го сподели своето болно искуство со светот. „Хари не го напиша тоа, но тој ја убеди Меган да ја сподели нивната приказна верувајќи дека тоа ќе им помогне на другите семејства кои поминуваат низ таков трауматичен период“, објасни Кејт алудирајќи на тоа како Меган била некако принудена да открие дека има спонтанбабортус пред неколку месеци.


Причината за ваквата одлука, според споменатата дописничка, лежи во тоа што кралскиот пар сакал со овој чекор да ја привлече толку потребната симпатија на јавноста, која не им оди во прилог последната година. Исто така, Кејт Николе напоменала дека не е јасно дали Меган била целосно емотивно и ментално подготвена да го сподели ова трауматско искуство, но со оглед на тоа што парот постојано работи на подигнување на свеста за важноста на менталното здравје, не е изненадувачки што тие решија да зборуваат и за сопственото трауматско искуство, кое честопати остава траги врз менталното здравје, особено кај жените кои го поминале истото.

escort - Korsan taksi