Принцовите Вилијам и Хари покажаа дека секогаш ќе бидат обединети во една работа

17 мај, 20200
хари

Најновиот јавен потег на принцот Вилијам вели дека тој и Хари се обединети во една работа, и покрај гласините дека врската меѓу браќата е разнишана. Имено, Вилијам напиша отворено писмо до фондацијата именувана по нивната покојна мајка, принцезата Дајана. Писмото открива дека браќата се обединети во поддршката на наградата именувана по нивната мајка.

“Сакам да ја испратам мојата поддршка и да им се заблагодарам на целиот персонал, волонтерите и на оние кои ја поддржуваат наградата Дајана. Мојот брат и јас продолжуваме да ја цениме работата на сите ие кои работите на поттикнување, развој и поддршка на младите луѓе, особено во ова време на неизвесност”, напиша Вилијам.

Во документарецот направен по повод 20-годишнината од трагичната смрт на Лејди Ди, принцовите зборуваа за тоа како се справиле со смртта на нивната мајка и дека тие си биле најголема поддршка едни на други, иако не зборувале многу за тоа.

„Беше лесно да се оддалечиме од тоа и да се избегнуваше тој факт цело време. Дури и јас и Хари не разговаравме за тоа сите овие години, барем не доволно“, рече Вилијам.

„Отсекогаш сум размислувал зошто да го споменувам минатото и нешто што само ќе те растажи на крајот. Не можете да го промените тоа и не можете да го вратите назад. И кога ќе започнете да размислувате за тоа, можете само да станете депресивни. Вилијам секогаш ми зборуваше како да да се соочам со тоа“, откри Хари.

Кавгите во кралското семејство со месеци се тема во медиумите. Се зборуваше за проблемите меѓу Меган и кралицата, а британските медиуми исто така пишуваа за несогласувањето меѓу Меган и Кејт. Гласините не ги поштедија ниту принцовите, така што со месеци се зборуваше за лошиот однос меѓу браќата Вилијам и Хари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi