Пристигнува принова „Чекам бебе од Бред Пит“

14 мај, 20200
bred

Еден од најпопуларните актери во светот и миленик на жените, 57-годишниот Бред Пит, е неисцрпен извор на интерес и ’шушкање’ на бројни медиуми, но и навивачи, кои се заинтересирани за секој детаљ од неговиот приватен живот. Во последно време во „фокусот“ е неговата врска со неговата 51-годишната поранешна сопруга Џенифер Анистон, но и битката со уште една поранешна, 44-годишна Анџелина Џоли, над нивните шест деца. Сепак, таблоидот NW сега пишува дека Бред наскоро би можел да има седмо дете, со младата љубовница.

Имено, споменатите медиуми тврдат дека наводната мајка на детето на Бред, е младата девојка од Лос Анџелес која е во своите дваесетти години, и решила да зборува за сè.

Но, дури и таа не сакаше да открие премногу детали за оваа шокантна вест.

 „Чекам дете од Бред“, рече наводната љубовница на Бред, чие име странските медиуми не сакаа да го откријат од „правни причини“. Сепак, според списанието, за сè зборувал и извор добро запознаен со целата ситуација. „Таа тврди дека се сплеткала со Бред откако го запознала на приватна изложба. Очигледно, тие не користеле заштита “, вели изворот.

Патем, се чини дека Бред и неговото проширување на семејството се омилена тема на светските таблоиди, кои досега неколку пати пишуваа за тоа како да очекуваат бебе со Џенифер Анистон. Покрај тоа, некои тврдат дека тие веќе имаат дете, или деца. Иако прво се шпекулираше дека Бред Пит и Џенифер Анистон се повторно заедно и планираат да посвојат дете од сиропиталиште во Мексико, магазинот New Idea тврди дека сè уште неофицијалниот пар тајно „веројатно“ добил близнаци преку сурогат мајка која роди близнаци во 2009та година за актерската двојка Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик. Истата сурогат мајка неодамна роди нови близнаци и извор близок на 57-годишниот Бред и 51-годишната Џенифер тврди дека тие всушност се нивни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *