Продуцентите се борат околу ПОРАНЕШНАТА ВОЈВОТКА: Меган Маркл добива 50 милиони долари за своето камбек ДЕБИ!

18 август, 2020
megan comeback

Меган Маркл (38) планира да се врати на актерството, а продуцентите се тркаат во чиј проект таа ќе се појави прво. Тие тврдат дека поранешната војвотка од Сасекс може да заработи 50 милиони долари за нејзиното камбек деби, пишува Mirror.

Холивудскиот режисер Пол Фиг (57) изјави дека многумина се обидуваат да склучат договор со Меган, а на прашањето дали ќе ја ангажира за некој од неговите филмови, тој како од топ одговори ДА.

– Доведете ја кај мене, навистина би сакал. Мислам дека таа е одлична, јас сум нејзин фан. Британскиот менаџер за таленти Џонатан Сигмунд Шалит изјави дека нејзиното враќање на сцената ќе биде феноменално.

– Каква и да е улогата што ќе ја игра, сите ќе сакаат да ја видат. Зборуваме за 50 милиони долари. Луѓето ќе бидат фасцинирани кога таа ќе се појави. Ако случајно се врати во серијалот „Suits“, тоа ќе биде најгледаната серија на светот – рече тој за „Мирор“. Шалит смета дека Меган мора внимателно да го избере тимот на актери со кои ќе работи доколку сака да успее во нејзиното враќање. Тој тврди дека таа има неверојатни способности со кои може да ги воодушеви филмските продуценти.

Потсетуваме, Меган и Хари пред неколку месеци поднесоа оставки од своите должности како членови на англиското кралско семејство, по што се преселија во Америка. Тие неодамна купија луксузна куќа во Санта Барбара, и ја одбраа таа локација затоа што е блиску до Холивуд. Вилата има 18.000 квадратни метри и има 5,4 хектари земја, базен, тениско игралиште, гостинска област и главна куќа. Има девет спални соби, 16 купатила, а за тоа платиле 14,6 милиони долари.