Прв Велигден без Коби Брајант: Ванеса објави емотивно видео кое ќе ви изнуди насмевка и солзи

12 април, 2020
vanesa 1

Сопругата на неодамна починатиот кошаркар Коби Брајант објави емотивно видео кое ќе ви изнуди насмевка и солзи.

На видеото се прикажани најмладите ќерки на неодамна починатиот кошаркар како уживаат во празниците.

Тие кршат јајца кои се исполнети со чоколади, а ова видео предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Имено, ова е прв Велигден што семејството Брајант го слави без Коби и Џана, кои трагично ги загубија животите во хеликоптерска несреќа кон крајот на јануари.

https://www.instagram.com/p/B-2WiGVDSCZ/?utm_source=ig_embed