Првата средба после бизарниот испад не помина баш најдобро! Ким во солзи среде жестока расправија

28 јули, 20200
prva sredba

Ким Кардашијан се сретна со сопругот Канје Вест во Вајоминг, каде таа конечно отпатува по неговите бизарни изјави, наводно предизвикани од биполарното нарушување на популарниот рапер.

Но, се чини дека разговорот не помина добро. Двојката се состана во автомобилот, а 39-годишната Ким цело време плачела и имала болен израз на лицето. Канје ја шокираше неа и јавноста со изјавите дека ја разгледувале можноста за абортус со првото дете и обвинувањето дека таа има афера со раперот Мек Мил. Ким потоа објави на социјалните мрежи дека нејзиниот сопруг се бори со биполарно растројство, признала дека не им е лесно и побарала разбирање и сочувство.

Ова е нивна прва средба, односно прв пат да се снимени заедно по инцидентот што се случи.

“Ким го поминува ова многу емотивно и таа е исцрпена. Канје многу ја повреди. Таа неколку пати се обидуваше да го исконтактира, но тој ја игнорираше. Ситуацијата е многу лоша”, изјави извор близок до нив за списанието People пред неколку дена.

Канје се чини дека жали што ја вознемири својата сопруга Ким Кардашијан со својот говор на минатонеделниот изборен митинг.

„Тој дефинитивно сфати дека направи грешка. Тој се чувствува лошо за тоа и очигледно е дека тој многу ја сака својата сопруга“, истакнаа нивните пријатели. Тие тврдат дека раперот се опуштил во последните неколку дена, но жали што споделил приватни детали за неговиот брак со јавноста.

По говорот што го шокираше целиот Кардашијан клан, Канје со денови имаше бизарни испади на Твитер. Тој напиша дека се обидел да се разведе од сопругата затоа што бил убеден дека таа го изневерува. Покрај тоа, тој ги обвини Ким и нејзината мајка Крис Џенер дека се обидувале да го одведат на лекар и да го хоспитализираат.

Ким објави пост за ова на Инстаграм: “Како што многумина од вас знаат, Канје има биполарно растројство. Секој што имал или има таков близок во животот, знае колку е комплицирано и болно да се разбере. Тој е одлична, но комплицирана личност чии зборови понекогаш не одговараат на намерите.“

Патем, Канје и Ким се во брак од 2014 година и имаат ќерки Норт (7) и Чикаго (2) и синови Сеинт (4) и Псалм (1).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi