„Работев 19 часа на ден, медицински, емоционално и физички не бев способна за деца“

23 декември, 2020
f_9684185_1024


Sвездата на „Сексот и градот“ исто така размислуваше за медицинско потпомогнато оплодување, но во еден момент се помири со фактот дека нема да биде мајка


Популарната актерка Ким Катрал (64) беше гостинка на подкастот Women’s Prize for Fiction каде зборуваше на многу приватни теми, од кои едната беше мајчинството. Ѕвездата на хит ТВ сериите и филмовите „Сексот и градот“ откри дека немала време за дете бидејќи работела од утро до вечер.

-Со сите оние одлични часови што морав да ги поминам на снимањето на филмот „Сексот и градот“, мајчинството едноставно не ми беше опција. Единствено да ме претворат во некаков научен експеримент!

Бидејќи јас и мојот тогашен партнер (Марк Левинсон) би морале да бидеме достапни едни на други за секс точно во вистинско време. Ниту бев во здравствена, ниту емотивна, ниту физичка состојба за такво нешто, па работев 19 часа на ден, беше толку тешко – се присети Ким на снимањето на филмот „Сексот и градот“, во кој ја отелотворуваше легендарната Саманта Џонс.


Во продолжение на разговорот, таа се осврна и на други аспекти што ја спречија да се реализира како мајка.

Значи, имав 41 година, размислував и за методот на медицинско потпомогнато оплодување, но морав да донесам одлука за сопствената благосостојба. Тогаш се помирив со фактот дека веројатно никогаш нема да имам деца.

-Јас сум личност која сака да работи, мојата работа беше еден вид пасош за независност, слобода и образование. Помислата за бебе во моите 40-ти години, кога износот на сценарија во индустријата се преполови, кога веќе не ме сметаа за млада дама, кога други посоодветни колеги почнаа да ги преземаат моите улоги… Тогаш тоа беше системот, но денес нешто се смени, сега жените пишуваат одлични улоги за жени во 60-тите години како мене – заклучи Катрал.