Рецептот на брачниот пар Бибер за цврста љубов во тешкиот карантин!

4 април, 20200
biber

Младите Хејли и Џастин Бибер се жив пример за двојка која успешно го поминува времето во  карантин. Можеби сликите кои ги објавуваат не се баш по ваш вкус, но вреди да се обрне внимание на нивното блаженство во изолацијата. Начинот на кој тие ги негуваат својот однос и меѓусебни врски можат да ни дадат неколку лекции за заеднички карантин за време на пандемијата на корона вирусот.

Според објавите на социјалните мрежи се чини дека секој момент го поминуваат заедно. Енергијата што ја зрачат покажува дека тие се всушност најдобри пријатели и уживаат во меѓусебното друштво. Тоа е прекрасно да се види и вреди да се пофали.

Одржувајте ја атмосферата опуштена

Без разлика дали скокаат по мебел и глумат дека подот е лава или измислуваат свои кореографии на ТикТок, во ваква тешка ситуација, добредојдено е секој да се опушти. Бибер исто така уживаат да играат друштвени игри за да ја надминат досадата.

Сетете се на најдобрите денови

Маратонското седење на каучотот не е добро за никого, па дури ни за паровите. Зошто да не побарате стари фотографии што ќе ве вратат во вашите најдобри денови?

Променете го стилот на облекување

Омилената облека на Хајли за време на карантинот се маичките на нејзиниот сопруг. Не само што имате двојно повеќе облека, туку и облеката на партнерот дополнително ќе ве поврзе!

Документирајте го ова искуство

И на крај, можеби нема потреба да ги објавувате сите слики и видеа на социјалните мрежи како Бибер, но дефинитивно сега е вистинското време да ги документирате овие спомени што ги имате со вашиот карантински партнер. Откако сето ова ќе заврши ќе можете да се потсетите на ова уникатно искуство.

View this post on Instagram

Our fav @billieeilish

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *