РЕЛИГИОЗНИОТ ФАНАТИЗАМ ЗЕМА ЗАМАВ: Канје Вест не го признава бракот со Ким Кардашијан?

15 декември, 2020
profimedia-0431343332


Приказната „зготвена“ минатата година, за тоа како еден од најпознатите славни парови во светот, ријалити sвездата Ким Кардашијан и музичарот Канје Вест би можеле да се разведат поради неговиот религиозен фанатизам, сега повторно се појави во јавноста.


National Enquirer пред една година напиша дека постои „драма на свет развод“ помеѓу Кардашијан и Вест. Весникот тогаш тврди дека опседнатоста на Вест со религијата предизвикала конфликт меѓу него и неговата позната сопруга.

Неименуван извор тогаш рекол дека Вест замолувал да се оженат повторно во неговата црква за да ги направат работите навистина официјални, за што Ким не се согласила. Тие се венчаа пред шест години на еден рид близу Фиренца во замокот на семејството Медичи, а неодамна ги обновија брачните завети, па затоа, наводно, е луда да се омажи повторно. Ким Кардашијан смета дека тие едноставно треба да продолжат да живеат без нови помпезни прослави.


Ким, наводно, не е премногу воодушевена од трансформацијата на Канје Вест од хип-хоп уметник во религиозен фанатик. Информиран извор отишол чекор подалеку, тврдејќи дека тие двајца ќе се разделеле одамна ако немале деца. ‘Ким е болна од лудите каприци и барања на Канје. Ова нема да трае долго “, рече тој. Инаку, Ким и Канје имаат четири деца. Првите две, шестгодишниот Норт и четиригодишниот Сент, се родени од Кардашијан, а двегодишното Чикаго и едногодишното Псалм Вест се родени од сурогат мајка.