Ријалити ѕвездата се’ уште влече криминални „опашки“, па од дома не излегува без пиштол и телохранители

5 септември, 2020
golubovic

Кристијан Голубовиќ вели дека не излегува ниту ден денес од дома без пиштол и телохранители! Идниот учесник на „Задруга 4“ стравува за неговата безбедност, па затоа секогаш е опкружен со добро набилдани момци, кои во чекор го следат.

Голубовиќ открива кои се всушност членовите на неговото обезбедување.

„Од 90-тите години на минатиот век, никогаш не сум бил во град без да ме придружуваат најмалку две лица. Не е класично обезбедување, тоа се сите мои пријатели од училишните денови, роднини или пријатели од затвор, кои ми го чуваат грбот. Ова го правам како претпазливост, за што нашиот народ вели: ‘На злото малку му  треба да се случи’. И пиштол носам од истата причина. Подобро е да го имам со мене, отколку да го немам кога ќе ми затреба“ – ја започнува приказната Кристијан и посочува дека е трн во око на многу луѓе:

„Немам сериозни непријатели, само некои лајачи кои можат да ми направат мал проблем. Тие „е*иветри“ лесно ме напаѓаат, затоа што немаат мозок во главата. Но, овој пат им велам дека не можат да ми наштетат дури и ако ме гаѓаат со топови.

Голубовиќ објаснува дека обично го обезбедуваат двајца момци, а тимот е поголем кога покрај него се сопругата Ивана и ќерката Вера.

„Кога одам некаде со сопругата и детето, најмалку седум или осум лица мора да бидат со нас. Тие не одат веднаш до нас, но ги има наоколу, за секој случај“ – вели ријалити ѕвездата – некогашен озлогласен белградски криминалец.


„На Ивана и беше непријатно, но мораше да се навикне. Сфати дека не се омажила за Мирослав Илиќ, туку за Кристијан Голубовиќ. Влечам неколку опашки од минатото. Досега имам заплескано 2000 лајачи и кретиноиди. Можеби во меѓувреме, на некој од нив му пораснале м*диња во неговото село, па се засилил и мене даме  нападне“ – заклучува идниот задругар.

escort - Korsan taksi