Ризикуваше затвор заради неа: Се криеа од сите, а по среќната вест за бебето српската убавица и фудбалерот се верија

17 август, 20200
Annotation 2020-08-17 141109

Лука Јовиќ и Софија Милошевиќ се во врска од минатата година, но на почетокот ја криеа својата врска од јавноста.

Познатата српска манекенка Софија Милошевиќ (29) на Инстаграм објави дека нејзиниот партнер, фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ (22) ја запросил.

” Да! Ти благодарам шо си ти ти. Благодарам на смеата кога си тука. Ти благодарам што ме сакаш. Те сакам неизмерно”, напишала Софија покрај фотографијата на која стојат еден до друг и заљубено се гледаат.

 Според објавата , тоа се случило на Капри во Италија, а набрзо и Јовиќ ја прокоментира фотографијата на својата вереничка. “Секогаш ќе правам да се смееш. И јас тебе те сакам”, напиша фудбалерот.

Софија и Лука чекаат дете, а во врска се од минатата година, но на почеток кријеа дека се заедно.

Јович ја шокираше јавноста во Србија  кога  проструи вест дека во март одлетал во Мадрид, каде бил во карантин заради корона вирусот. Причината била  роденденот на Софија, а српските медиуми пишуваа дека фудбалерот  стигнал со приватен авион и кога слетал добил решение за самоизолација. Заради тоа тој се најде на удар на српската јавност, но и органите на власта па  соседните медиуми пишуваа дека му се заканува и затворска казна во траење од три години.

Манекенката е позната по нејзините врски со неколку српски фудбалери, а за  јавноста таа е една од најубавите жени .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi