Сака да остане трудна по секоја цена: Еве што планира да направи Лејди Гага ако не забремени до март 2021-ва

7 декември, 2020
lady-gaga


Екстравагантната пејачка и актерка, 34-годишната Лејди Гага, наводно ветила дека ќе ги замрзне сопствените јајце клетки и ќе започне со болна процедура на медицинско потпомогнато оплодување, ако не забремени природно во следната година, до март 2021 година, кога ќе го прослави 35-от роденден.


Таа му поставила ултиматум на своето момче. Доколку во следната година нема дете, ќе најде момче кое ќе и ја исполни желбата или ќе ги замрзне јајце клетките за да може да се подложи на медицинско помагање. Авторот на хитот „Poker Face“ во неколку наврати го нарече својот сегашен партнер љубов на нејзиниот живот, но сега наводно почнала да се сомнева во тоа, со оглед на тоа што тој сè уште не и ставил прстен на раката.