Сакал да го помине животот со неа, а сега го продава вереничкиот прстен! Кејти скршена од тага…

10 мај, 2020
kejti prajs

Кејти Прајс и Крис Бојсон се разделија минатата година, а потоа таа неодамна го виде во прегратка на убавата манекенка Бјанка.

Final farewell: Katie Price's fiancé Kris Boyson is reportedly selling the £39,000 engagement ring he bought for her

Кога еден од следбениците на социјалните медиуми ја праша како се чувствува тогаш, таа ја отвори душата и призна:

“Сè што ќе кажам е дека верував дека јас и Крис ќе се венчаме. Ако би можела да го вратам времето, никогаш не би сторила она што направив … Многу патев. Сега, тој си ја најде среќата со некој друг, а јас му посакувам се најдобро“.

Како што пренесуваат странските медиуми, Кејти често знае да истакне дека најмногу жали за него, како никогаш досега во животот, иако таа го изневерила и предизвикала цел љубовен бродолом.

„Сè уште не сум го преболела. Јас го изневерив Крис, го повредив. Се чувствувам згрозено од тоа. Само сакам тој да заборави сè што направив“, заклучи таа за локалните медиуми, додека Крис без многу двоумење го продаде прстенот кој планирал да и го подари за веридбата.