„Само да можев да те разбудам и да те имам покрај себе“ Ќерката на Коби Брајант да беше жива вчера ќе полнеше 14 години!

2 мај, 2020
282393_profimedia0027686354_ff

Ужасна трагедија го раздвои семејството Брајант.

Ако не беше во хеликоптерот на 26ти јануари заедно со нејзиниот татко Коби и седуммина други загинати, ќерката Џиана на легендарниот кошаркар денес би имала 14 години.

Нејзината мајка Ванеса објави нова емотивна порака обидувајќи се да и го честита роденденот и да покаже колку и недостига.

„Среќен 14ти роденден на моето слатко девојче, Џиана. Мама те сака повеќе отколку што некогаш може да ти покаже. Ти си дел од мојата душа засекогаш. Многу ми недостасуваш секој ден. Само да можев да те разбудам и да те имам покрај себе. Ми недостига твојата насмевка, твоите прегратки и смеења. Ми недостасувам сè поврзано со тебе Џиџи. Многу те сакам “, напиша Ванеса на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B_psEN4jWPc/?utm_source=ig_embed