Сатанистичка црква одговoри на обвинувањата дека Лејди Гага е дел од сатанизмот!

23 април, 20200
18059665415ea00ff9147c5669806639_v4_big

Еден корисник на твитер упати голем број аргументи во корист на поп-пејачката Лејди Гага дека таа е дел од сатанизмот. Сатанистичка црква му одговори.

Корисникот на твитер, Томи Г, на својот профил изнесе дури 31 (да, триесет и еден) аргумент и се обиде да „докаже“ дека Лејди Гага е всушност сатанист и дека тоа е очигледно.

„Потребни се околу три секунди за да ја пронајдам врската помеѓу Лејди Гага и сатанизмот на Google. Јас нема да губам време за тоа колку симболика има во нејзините настапи, но ќе се обидам да откријам неколку помалку познати работи”, започна тој.

Во последователните постови, Томи Г ја поврзува Лејди Гага со перење мозок, нарекувајќи ја „кукла на илуминатите“, велејќи дека е „идеален пример за поп ѕвезда контролирана од илуминати“.

Исто така забележува дека некои нејзини видеа имаат 720 милиони прегледи, што значи дека ги контролира умовите на милиони луѓе и нејзиниот ум го контролира некој друг. Има во тоа сè и сешто.

И покрај фактот дека овие откритија веројатно се нешто што не треба да се сфаќа премногу сериозно, сепак е интересно што сатанистичка црква се јави со објава на твитер.

„Потребни се околу три секунди да се открие на Google дека не постои поврзаност помеѓу тоа што го напиша и сатанизмот, така што нема да трошиме време да ти објасниме за 20 дела зошто изгледаш како неук теоретичар на заговор“, напишаа тие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *