Сè е подготвено за операција: Ќерката на Анџелина и Бред наскоро ќе стане маж

23 септември, 2020
profimedia-0474458011

Актерката и една од најубавите жени во светот, 45-годишната Анџелина Џоли е мајка на шест деца. Таа посвои три деца и исто толку роди за време на бракот со 46-годишниот Бред Пит. Првата, Шајло Нувел е родена 2005 година во Намибија. Таа е многу интересна за медиумите откако започна да се облекува како момче и откако го смени името во Џон.

Бред Пит прв пат проговори за неговата ќерка односно син во 2008 година во шоуто на Опра Винфри, а потоа откри дека својата ќерка ја нарекувале со машки имиња. Анџелина Џоли кажала дека сè започнало кога Џон имал три години. „Таа сака да биде момче, па затоа и ја скративме целата коса. Таа сака да носи машка облека и мисли дека е една од браќата, рече тогаш Енџи, која целосно ја поддржува таквата одлука уште од самиот почеток. Познато е дека нејзината ќерка официјално го смени името во февруари годинава, а странските медиуми наведуваат дека сега сè е подготвено за операција за промена на полот.