Се нижат тужби по смртта на Коби: небрежноста и невниманието скапо ќе го чинат сопственикот на хеликоптерот

22 април, 20200
Kobi

По Ванеса Брајант се поднесени уште две тужби!

Членовите на семејствата чии најблиски беа убиени во трагичната несреќа со хеликоптер во Калабасас, Калифорнија, се приклучија на судската постапка против компанијата „Island Express Helicopters“, која го организираше фаталниот лет на 26 јануари.

Тоа го уби славниот кошаркар Коби Брајант, заедно со неговата ќерка Џиана и седум други, вклучувајќи го и пилотот.

Ванеса Брајант, вдовицата на Коби поднесе тужба пред два месеца, кон крајот на февруари, кога супериорниот суд во Лос Анџелес изјави дека споменатата компанија и компанијата што го поседувала хеликоптерот „Island Express Holding Corp“ покажале „небрежност и невнимание“ затоа што пилотот Ара Зобајан полетал во екстремно магливо време.

Ова доведе до несреќата во која се урна хеликоптерот Сикорски С-76, откако удри во рид. Настраданиот пилот не е спомнат во новите тужби по име и презиме како одговорен, но обвинети се неговите работодавци.

Едната тужба е поднесена од децата на тренерот Џон Алтобели, додека другата е поднесена од сопругот и трите деца на Кристина Маузер.

Да се потсетиме на потресителниот говор на Ванеса Брајант на настанот за животот за Коби и Џиана Брајант:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi