Се појави нова снимка која го потврдува насилството помеѓу поранешните сопружници

28 април, 20200
џони деп

Драмата меѓу холивудскиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд изгледа дека нема крај. Имено, откако неколку пати Амбер го обвини за злоставување,  и приложи фотографии на кои има модринки на лицето, неодамна излезе во јавноста аудио-снимка од 2016 година, во која Амбер признава дека физички ја нападнал сега поранешниот сопруг.

Со оглед на тоа што судењето е сè уште во тек, денес интернетот е преплавен со нова снимка во која главната улога ја води неименувана пријателка на Амбер. Имено, таа повикала полиција за време на последните кавги на  поранешните сопружници.

https://www.youtube.com/watch?v=C8fNPv5Fmyo&feature=emb_logo

„Сакам да пријавам семејно насилство на 849 Бродвеј, на источната страна на зградата во пентхаус број три“, рече жената, која во овој момент сака да остане анонимна. „Испратете некого брзо, станува збор за итен случај“, рече таа пред да ја спушти слушалката. Иако снимката на прв поглед и е во прилог на 34-годишната Амбер, адвокатите на Џони велат дека ова е доказ дека актерката се обидела да го оцрне образот на поранешен сопруг во очите на јавноста.

Инаку, парот се раздели во мај 2016 година, кога актерката побара развод по 15 месеци брак, а во поднесувањето на разводот, таа го обвини Деп за насилство што кулминираше во мај, кога актерот наводно и го фрлил мобилниот телефон во лице и кршел работи во станот . Во следните месеци, поранешните сопружници продолжија со обвиненијата еден против друг, а некои од најбизарните секако беа оние во кои Џони тврдеше дека Амбер го удрила со стаклено шише, му го повредила прстот и наводно му изгаснала цигара на образот, додека таа тврди дека ја претепал, ја повлекол за коса, ја давел и речиси задавел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *