Се соочи со жената која сексуално ја злоставувала додека била дете!

30 јули, 20200
js

Американската актерка и пејачка, 40-годишната Џесика Симпсон претходно оваа година објави мемоари во кои призна дека сексуално била злоставувана како дете од девојка која била пријателка на нејзиното семејство. Сега, во интервју за подкастот на Кетрин Шварценегер – Дарот на простување, таа откри дека пред осум години одлучила да не молчи повеќе и отишла да се соочи со жената што ја злоставувала како дете, пишува enews.

Jessica Simpson

“Отидов кај неа и и реков дека знам дека и таа била злоставувана од еден постар човек. Тој секогаш беше со нас во куќата, но никогаш не ме допираше мене. Тој ќе ја злоупотребеше, а таа потоа ќе дојдеше и ќе го стореше истото со мене. Ми беше жал за нејзе и можеби и дозволив повеќе отколку што требаше”, рече Џесика, која е во брак со американскиот фудбалер Ерик Џонсон со кого има три деца, шестгодишниот Аце, седумгодишната Максвел и едногодишната Бирди Мае. Таа и прости на жената за злото кое и го направи.

“И реков дека знам дека има многу проблеми во животот и дека најдобро е да разговара со некого за тоа и да најде начин да разбере и прифати сè што помина, и да се излекува. И реков дека и простувам и дека немам желба да бидам близу до неа, но и дека многу добро знам и се сеќавам на она што се случи меѓу нас кога бев дете и дека нема да се преправам дека не знам”, се потсети актерката која се прослави благодарејќи на нејзината улога во филмот “Dukes of Hazzard”. Таа заклучи дека со оваа средба сакала да си ја исчисти својата совест и го постигнала тоа. “Јас и ја испратив дури и книгата и се надевам дека тоа ќе придонесе за нејзиното исцелување”, рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi