“Сега си поубава, но и поглупава”! Адел ја разбесни јавноста со коментарите за мажите во Африка!

26 октомври, 2020
адел

Познатата пејачка кажа шега што не беше смешна за секого и предизвика бројни критики.


Британската пејачка Адел (32) беше домаќин на ТВ-емисијата „Saturday Night Live“ минатата сабота, и по тој повод повторно докажа колку навистина ослабела, а потоа направи голема грешка, која налути многу обожаватели.

Имено, во едно видео, таа зборуваше за африканскиот туризам, а потоа ги карактеризираше мажите од тој континент како сексуални објекти.

На почетокот на шоуто, Адел најпрво се пошегува на сметка на драстичната промена на килажата, па рече дека однела само половина од себе на снимањето.

Потоа, таа, Кејт Мекинон и Хајди Гарднер глумеа разведени жени кои рекламираат африкански туризам, додека зад нив шетаат „голи“ мажи од африканско потекло, држејќи за рака бели жени.
Оваа „шега“ предизвика бројни негативни коментари и беше окарактеризирана како „тежок расизам“.

Да потсетиме, Адел наводно е во врска со раперот Скепт што е по потекло од Нигерија, па многумина ја обвинуваа за учеството во овој видео формат и зборување за „масивни бамбуси“, а во еден дел двајца мажи носат девојче како робинка, што дополнително ги налути гледачите.

Жените и мажите во Нигерија, Намибија, Јужна Африка и Конго се борат за живот, а срамота е да се каже дека континентот е сексуална дестинација за белите жени – прочитајте во еден коментар.

Скечот претставува лоши стереотипи за темни кожи и ги објективизира, што навистина не е смешно – напиша друг гледач на Твитер

Шегата со белите жени кои одат во Африка поради сексуален туризам и Адел која што не може да престане да се смее. Дали навистина се случи тоа? – праша еден навивач.

Сега си поубава, но навистина глупава – е непријатен коментар на сметката на пејачката.

Одвратна е целата таа приказна за белите жени кои одат во Африка поради мажите – заклучија гледачите на ова шоу.

escort - Korsan taksi