Сепак не се извлече: Кристијано Роналдо ќе оди на суд поради тужбата за силување, тој ќе се соочи со жртвата во судницата!

5 октомври, 2020
роналдо

Фудбалерот ќе одговара пред законот!

Кристијано Роналдо ќе оди на суд за силување!

Иако тврди дека не ја силувал Кетрин Мајорга, тој ќе мора да се соочи со неа на суд и да ја докаже својата невиност! Судот во Лас Вегас го отфрли барањето на Роналдо да се отфрли случајот, што значи дека тој ќе мора да се соочи со Кетрин на суд.
Кетрин Мајорга ја шокираше јавноста со тврдењето дека Роналдо ја силувал во хотелска соба во 2009 година, а потоа ја принудил да потпише договор со кој се обврзал да молчи за тоа во замена за 375 000 американски долари.

„Кристијано му плати на лицето кое го тужеше 375.000 долари во замена за потпишување договор за доверливост за овој случај да не стигне до медиумите“, беше напишано во претходно објавените судски документи

Мајорга сега изјави дека не била во можност правилно да расудува во моментот кога го потпишала договорот, што го прави практично неважечки.

Минатата година американската полиција побара примерок од ДНК на Роналдо од италијанските власти. Во меѓувреме, Мајорга вети дека ќе ја однесе целата работа до Врховниот суд, ако треба и можеби ќе мора, бидејќи обвинителството во Невада не сметаше дека има доволно докази за гонење на фудбалерот.

Роналдо претходно изјави дека силувањето е „ужасно злосторство што е спротивно на сè што тој верува“.