Северина објави старо видео со Џибони и нѐ врати назад во времето!

24 април, 2020
Северина објави старо видео со Џибони и нѐ врати назад во времето!

Северина се сети на својот стар хит „Kad si sam“, па така на социјалните мрежи го сподели спотот од далечната 1992та година, во соработка со Џибони.

„Кога си сам ти треба шише вино, ти треба Северина“, напиша Северина, споделувајќи го видеото со Џибони, а потоа им испрати порака на жителите на Домот за стари лица во Неметова кои ја пееле токму оваа песна.

„Знаете како се вели: во здраво тело, здрав дух! Ова го знае и нашиот Зоран Спрајц, на кого му посакувам среќно враќање на малите екрани, а на учесниците од Домот за стари лица во Неметово им велам дека ќе им се придружам еден ден, веднаш штом ќе заврши времето за самоизолација … Нека ни е среќна новата пролет! Нема предавање, само љубов! “ напиша Северина.