Северина објавила бизарна фотографија со коментар: ме озрачи 5Г мрежата!

20 април, 20200
северина 2

Северина Којиќ ги навикнала своите фанови секоја сабота навечер да се вклучува во живо на Инстаграм од нејзиниот дом во Белград и да пее и зборува во живо. Но, оваа сабота немаше вклучување во живо. Пејачката на Инстаграм објавила бизарна фотографија на која од нејзината глава растат неколку раце во форма на круна, а покрај тоа објавила “вонредно соопштение.”

– Драги девојки, драги момчиња, студенти, деца и полицајци…На патот од Белград до Загреб Северина ја озрачи 5Г мрежа. Да! Со тоа, присилени сме наместо СеВеТеВе, вечерва да емитуваме репризна снимка на една емисија од 2005 година, бидејќи таа е последната емисија на која Северина се сеќава. За среќа, и пораснале раце и како што се вели во нејзината песна “рацете ми служат за да пијам, собата за во неа да се кријам, да не се дружам со никој ”…П.С. не грижете се, невролозите велат дека се ќе биде во ред следната сабота во 20.30- напишала пејачката.

За потсетување, Северина беше уапсена минатата недела во Белград откако со возило БМВ со загребски регистарски табликчи е начекана на белградските улици за време на полицискиот час. Таа го признала прекршокот и рекла дека веднаш ќе ја плати казната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi