Северина се огласи откако беше сослушана од полицијата: „Секоја среќа е ремек-дело“

16 мај, 20200
северина

„Секоја среќа е ремек-дело“, напиша Северина на Инстаграм во саботата, заедно со фотографијата што ја објави откако беше испрашувана во полициската станица. Бројни обожаватели напишаа дека таа е секогаш ремек-дело и дека е прекрасна.

Познатата пејачка беше сослушувана речиси два часа во полициската станица Трежњевка затоа што била пријавена од директорката на Основното училиште „Матија Губец“, Јулиjана Клинџер, дека и се заканила на 10 март.

Клинџер е директорка на училиштето во кое учи синот на Северина, Александар. Според магазинот „Jutarnji list“, она што се случило на 10ти март, таа го сфатила како закана кога пејачката и нејзиниот сопруг Игор Којиќ дошле на училиште за да го земат нејзиниот син.

Тогаш на Игор не му било дозволено да го земе Александар, а наводно Северина им кажала на наставниците дека не е во ред тоа што го прави Клинџер, и дека ќе се сретнат на суд.

На крајот на октомври минатата година, Северина имаше прес-конференција на која го обвини училиштето дека се однесува лошо кон нејзиниот син.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *