Шин беше зависник со години, спиеше со 5.000 жени, а милионите ги потроши на алиментација!

1 ноември, 2020
насловна чаррли

Брук и Чарли раскинаа во 2010 година по две и пол години брак, бидејќи имаа кавги што не можеа да ги решат, објавија тогаш странските медиуми. Тој со неа има близнаци..

Актерот Чарли Шин (55), најпознат по улогата во серијата „Два и пол мажи“. По епизода, тој заработил околу милион долари. Во последниве години, неговото појавување во јавност и популарноста значително се намалија. На почетокот на септември наполни 55 години и имаше разни скандали во животот.

Бидејќи бил зависник од опијати, сето тоа оставило големи последици врз неговиот живот. Пред пет години, тој призна дека е ХИВ позитивен. Тој се обиде да се „исчисти“ неколку пати, најмногу тоа се случувало кога сите ќе му кажеа дека наскоро ќе умре, но тие фази на „чистење“ во животот на Чарли обично не траеја долго. Тој секогаш ќе се вратеше на старото.

Тој тврди дека спиел со повеќе од 5.000 жени, а една од нив дури го тужела затоа што не и кажал дека е заразен. Тој се заразил со ХИВ од транссексуална проститутка со која имал секс.

Тој беше верен со Кели Престон (која почина на 55-годишна возраст), а ја бакна и најпознатата макро Хајди Флејс (54). Поради него, Хајди заврши во затвор, но таа неизмерно го сакаше. Тој беше оженет со Дона Пиле, Дениз Ричардс (49) и Брук Мулер (43). Токму со неа се разведе на денешен ден пред 10 години.

Актерот има пет деца; ќерката Касандра Естевез (35) ја доби со Паула Профит, ќерките Сем (16) и Лола (15) ги доби со Дениз Ричардс, а синовите, единаесетгодишните близнаци Макс и Боб со Брук Мулер.

Годишно плаќа повеќе од три милиони долари алиментација, а главен извор на приход му беше серијата „Два и пол мажи“. Сепак, во 2011 година Чарли доби отказ и го замени Ештон Качер (42). Тој го навреди серискиот продуцент Чак Лори (67) и рече дека е помалку платен за својата работа. Тој побара 3 милиони долари по епизода.