Што се случи со бебето на Лејди Гага и Бредли Купер

27 јуни, 20200
lady gaga

Нивната романса и хемија во Оскаровскиот филм „Ѕвездата е родена“ , беше толку силна што многумина беа убедени дека истото се случува и во реалниот живот. Сепак, иако тие ги негираа ваквите тврдења, 34-годишната пејачка Лејди Гага и 45-годишниот актер Бредли Купер ги наполнија колумните на медиумите со нивната наводна врска минатата година, а една од гласините беше дека тие очекуваат дете.

Lady Gaga

Имено, во ноември минатата година, американскиот таблоид “NW” излезе во јавноста со приказна за двојка од филмот „Ѕвездата е родена“, дека го очекува своето прво дете заедно. Според неименуван извор во тоа време, Гага забременила со Бредли додека таа сè уште била во врска со техничарот за звук Ден Хортон, а веднаш откако дознала за бременоста, таа ја прекинала таа врска. Иако детето не било планирано, изворот тогаш додал дека и пејачката и актерот биле подеднакво среќни за приновата.

Bradley Cooper

Сепак, со оглед на тоа дека поминаа повеќе од половина година од гласините за бременоста и дека детето требаше да се роди, јасно е дека тие не биле вистина. Во меѓувреме, 34-годишната музичарка започна врска со Мајкл Полански, а судејќи според папараци фотографиите од парот, нивното прво дете сè уште не е планирано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *