Што се случи со богатството на Мајкл Џексон?

4 декември, 2020
profimedia-0035780811


Поминаа 11 години од смртта на кралот на поп музиката, но некои детали од неговиот живот сè уште ја интригираат јавноста


Иако поп-кралот почина пред 11 години, празнината што ја остави Мајкл Џексон во музичката индустрија сè уште не е пополнета. Зад овој артист останаа многу мистерии, сепак, неговите музички албуми продолжуваат да заработуваат многу пари ширум светот, а токму богатството што го остави Мајкл е една од темите за кои се пишуваше во странските медиуми последните денови.

Имено, како што пишува ABC News, дел од наследството на Мајкл наскоро може да заврши во организација која се занимава со благосостојбата на мачките.



Сепак, како што сега пишуваат споменатите медиуми, 90-годишната мајка на починатиот музичар решила да го даде својот дел на засолништето за животни во Лос Анџелес, кое се занимава со мачки.
Иако многу други членови на семејството Џексон се обидоа да ја преубедат Кетрин, мајката на Мајкл Џексон е решена да го стори тоа.

Исто така, со оглед на возраста, таа верува дека нема да живее долго и сака што побрзо да го реализира овој план. Иако е вистина дека не сите членови на семејството беа задоволни од волјата на кралот на поп музиката, еден семеен претставник наводно ги негираше гласините дека Кетрин Џексон ќе го донира својот дел во добротворни цели.

escort - Korsan taksi