Сите детали биле испланирани: Познато е колку потрошил Лука за вереничкиот прстен на Софија

20 август, 2020
sofija milo

Пред само четири дена, фудбалерот Лука Јовиќ на јахта ја изненади својата бремена девојка Софија Милошевиќ  и ја запроси со скап прстен.

Она за што се зборуваше последниве денови најмногу, но и се шпекулира, е прстенот со кој ја запросил убавата манекенка.

Имено, наводно станува збор за парче накит што е изработено од чисто бело злато, а неговата цена наводно е околу 3.000 евра.

Како и досега, Лука не жали за парите кога станува збор за неговата бремена вереница, а секој детаљ бил испланиран детално и изненадувањето успеа.

– До последен момент, беше неизвесно како сè ќе се одвива и дали во одреден момент Софија ќе разбере за што станува збор. Откако ручале на островот, тие се упатиле кон јахтата, каде Лука побарал од скиперот да не оди далеку од островот, туку да го помине попладнето по брегот на ова романтично место – рече изворот.

Да потсетиме, запросувањето се случи на јахта во Италија, поточно на островот Капри, каде парот го поминува годишниот одмор по завршувањето на фудбалската сезона во Реал Мадрид.