Сите Кардашијан сестри не се исти: Кајли Џенер сподели видео од нејзината ќерка, денес не сте виделе ништо послатко!

13 мај, 2020
kajli-dzener_ff

Додека светот е згрозен од тоа како се расфрлаат нејзините полусестри Кортни и Клои , најмладата милијардерка во светот се забавува на малку поскромен начин, во друштво на нејзината ќерка Сторми .

Кајли Џенер , најмладата членка на кланот Кардашијан-Џенер, можеби е најмладата милијардерка на планетата, но на нејзината ќерка Сторми и нејзе и треба само пакетче бонбони за да се забавува и да ги стопи срцата на сите!

Познатата мајка објави видео на социјалната мрежа Инстаграм во кое ја замоли Сторми да не ги допира бонбоните додека не се врати. Кајли замина, но го остави телефонот да ја сними нејзината ќерка, која седеше трпеливо чекајќи да се врати нејзината мајка, а предизвикот во форма на полн сад со бонбони беше пред носот.

Сторми погледна во садот, се смешкаше нервозно, а потоа сама на  себе си велеше: “Трпеливо, трпеливо” .
Кога мајка и конечно се врати, малото девојче радосно извика  и доби три бонбони као награда за трпеливоста.

Уживајте.