СКАНДАЛ ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО „Ми се заканија дека ќе ме убијат како Дијана“

21 август, 20200
skandal

Поранешната љубовница на 82-годишниот шпански крал Хуан Карлос, 55-годишната Корина Зу Син-Витгенштајн, даде големо интервју за Би-Би-Си во кое открива разни пикантерии кои нема да им се допаднат во Шпанија, но и на британското кралско семејство. Иако не е новост дека со години тајно се гледаше со шпанскиот крал, кој беше познат како голем заводник, таа реши да зборува за заканите што ги добивала откако таа сакала да стави крај на нивната афера.

Имено, Корина, која е од Данска, се запознала со поранешниот крал на Шпанија во 2004 година, а тој останал маѓепсан од нејзината убавина, па покрај тоа што беше во брак со кралицата Софија од 1962 година, тој тајно ја љубеше се до 2012 година. Тогаш Хуан Карлос го скршил колкот додека ловел слонови во Боцвана и морал да се врати од патувањето придружено од Зу Сајн-Витгенштајн. Поради силниот притисок што таа го претрпе после тоа, Хуан Карлос се чувствувал виновен, па во знак на љубов после две години и донираше 65 милиони евра на својата љубовница.

 „Кога го напуштив и му реков дека повеќе не можам да бидам негова љубовница и дека ќе им признаам сè на медиумите, а тие се обидоа да ме замолчат заканувајќи ми се со судбината на принцезата Дијана. Ми беше кажано дека ќе го нарачаат моето убиство во тунел исто како што тоа го направи британското кралско семејство со принцезата Дијана. Се разбира, се исплашив “, се сеќава Корина, од која на крајот поранешниот крал побара да му ги врати парите што и ги дал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *