Славниот фудбалер и неговата убава вереница очекуваат бебе? Двосмислените пораки открија многу!

18 мај, 20200
ronaldo

Џеоргина Родригез и Кристијано Роналдо своевремено изјавија дека би сакале да го прошират семејството, а убавицата на Инстаграм предизвика шпекулации дека е бремена.

Вереницата на Кристијано Роналдо,Џорџина Родригез, со најновата објава на Инстаграм предизвика лавина коментари  за нејзината бременост. Родригез објави видео на кое се мази со својата мачка, а исто така и си го галеше стомакот и во позадина свиреше песната „Мами“.

Во видео спотот на песната, глумеше Ирина Шајк, поранешна девојка на нејзиниот вереник, откако манекенката и фудбалерот се разделија во 2015 година по неколкугодишна врска.

Родригез со недели објавува нејасни пораки, а децата и мајчинските чувства чувствата се присутни насекаде. Претходно се шпекулираше дека е бремена, но гласините се покажаа како неточни. Парот во неколку наврати коментираше дека би сакале наскоро да го прошират семејството. Инаку, Џорџина се грижи за целото семејство на Кристијано, вклучувајќи ги и неговите деца родени од сурогат мајка.

Познатиот пар се обидува својот приватен живот да го скријат од очите на јавноста, но јавноста честопати е заинтригирана од објавите на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi