Славниот рапер на својата ќерка за вториот роденден и поклони скапоцен подарок и доживеа осуди од страна на јавноста!(ФОТО)

18 јули, 20200
poklon 2

Калчр е најмлада од вкупно четирите деца што славниот рапер ги има со исто толку партнерки и деновиве таа го прослави својот 2 роденден. Познатиот татко, кој им дава на своите деца скапи подароци, но и на неговата сопруга Карди Б, овој пат и подари на својата ќерка дизајнерска ташна.

Двојката раперот Офсет и раперката Карди Б, решија уште од рана возраст да ја научат својата ќерка Калчр Киари Цефос тој стил е многу важен, па гордиот татко и купи слатка скапа дизајнерска торба Биркин за нејзниот 2 роденден, истиот модел и боја, само помала во големина,како што има нејзината мајка.

View this post on Instagram

Late is better then never I Birkin my baby

A post shared by OFFSET (@offsetyrn) on

Роденденската забава на славеничката беше тематска и во името на омилената Л.О.Л. кукла, а девојчето доби и минијатурна, розова верзија на автомобилот „Бугати“. Видеото, објавено од 28-годишниот рапер на својот Инстаграм, покажува дека Офсет и дава на својата мала девојка огромна портокалова кутија „Хермес“ и и помага да ја отвори, по што заедно извлекуваат скапа дизајнерска чанта од неа.

Под видеото започна серија на коментари, а многумина го осудија неговиот потег, сметајќи дека е навистина непотребно да се купи на двегодишно дете толку скапа чанта.

View this post on Instagram

Ok it’s time to turn up 🎀

A post shared by Cardi B (@iamcardib) on

Карди Б не им остана должна, туку им напиша: „Кога славните им купуваат своте деца накит и дизајнерски работи, луѓето велат дека тоа не им е важно на децата, туку тие се грижат само за играчки и слатки. Да, децата се грижат само за играчки и слатки, но работата е дека истите овие деца излегуваат надвор. Дали разбирате што зборувам? Децата одат во ресторани, на познати места, славните деца одат на црвениот тепих. Не сум лута што тато и купи Биркин торба. Сега таа ќе биде иста како мама.”

Патем, малото Калчр е четврто дете на Офсет , но прво од неговиот брак со Карди Б. Тој доби уште три деца со три различни партнерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi