„Смртта на Марадона беше самоубиство“: Поранешниот лекар на Диего ја шокираше Аргентина со своето тврдење!

21 декември, 2020
alfredo-kahe-620x350


Д-р Алфредо Кае крена прашина со медиумски изглед
Помина близу еден месец од смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона, а деталите за смртта на славниот Аргентинец сè уште не престануваат да се појавуваат.

Последна во низата е изјавата на поранешниот лекар на Марадона кој тврди дека Диего извршил самоубиство.
Да потсетиме, „Ел Пибе“ почина на 25 ноември како резултат на срцев удар, а најновата теорија е дека тој си го одзел животот.

Алфредо Кае, човек кој бил лекар на Марадона од 1977 до 2007 година, тврди дека тоа е токму случајот, за кој зборуваше на аргентинската радио станица.
Претходно, имаше вест дека три лица лажеле за смртта на Марадона, а Кае рече дека Диего престанал да јаде и да зема лекови по операцијата на мозокот.

-Ова не изгледа како обичен срцев удар. Кога разговарав со него, го прашав дали размислува за самоубиство. Тој ми рече „Можеби еден ден, што знам“. Диего беше уморен. Сето ова што се случи беше последица на самоубиство, по комбинација на занемарување, непромисленост и неискуство – тврди Кае.

Лекарот дал и пример од болницата, каде на Марадона не му била укажана соодветна грижа.

-Требаше да остане во болница, а не во куќата што не беше подготвена за негово закрепнување – посочува лекарот.


Кае исто така раскажа анегдота од Куба како доказ дека неговите тврдења не биле глупости.

-Во Куба има автобуси наречени гуагуа, а Диего еднаш се обиде да го заби својот автомобил во еден. Ни рече дека не го видел, но точно е дека тогаш се обидел да се самоубие. Само чудо го спаси. За мене, неговата смрт беше самоубиство, тој беше уморен. Не можеше повеќе и се предаде на судбината – заклучи Алфредо Кае.