Со денови трае тензијата за сопругата на Алек Болдвин, а тој застана во нејзина одбрана!

30 декември, 2020
1378762.jpeg

Откако минатата недела кружеа информации на Твитер дека поранешната водителка и инструкторка по јога, Хиларија Болдвин фалсификува некои приватни информации, таа реши да и се обрати на јавноста.


Таа така призна дека нејзиното вистинско име е Хилари, рече дека е бела и дека всушност е родена во Бостон, а не во Мајорка, како што тврдеше претходно.

Да бидам јасна, Европа е полна со белци, а моето семејство е бело. Јас сум од мешано потекло, воспитана сум во духот на две култури “, рече Хиларија Болдвин во видеото што го објави на својот Инстаграм профил.


Хиларија честопати навестуваше дека пристигнала во САД на 19-годишна возраст за да студира во Њујорк. Нејзините лаги всушност ги разоткриле нејзините поранешни соученици. Тие рекоа дека отишла на училиште во Вестон, Масачусетс и дека нејзините родители биле професори, но и дека никогаш немала странски акцент.


Хиларија Болдвин по откривањето призна дека го поминала своето детство помеѓу Шпанија и САД, но сепак тврди дека целото нејзино семејство живее во Шпанија.


Застана во одбрана нејзиниот сопруг, актерот Алек Болдвин, со кого има пет деца. Тој објави цитат од Марк Твен на Инстаграм: „Додека вистината облекува чевли, лагата патува половина од светот“. Тој објасни дека неговата сопруга е родена во Бостон, но пораснала во Шпанија. Во меѓувреме, од нејзината агенциска биографија исчезна информацијата дека е родена во Мајорка.

escort - Korsan taksi