Со кои ѕвезди соработува Лејди Гага во новиот албум?

24 април, 2020
лејди гага

Годинава ќе излезе шестиот студиски албум на Лејди Гага- “Chromatica”. Што сè знаеме или не знаеме за овој албум?

Како се вика албумот?

Официјалното име на албумот е “Chromatica”. Лејди Гага го најави на својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

#Chromatica ⚔️💓 2020

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

Кој е водечкиот сингл на албумот?

“Stupid love” е водечкиот сингл, објавен на 28 февруари. Песната протекла уште од јануари, па Гага ги замолила фановите да престанат да ја споделуваат и да чекаат да биде објавена како во старите добри времиња. За неа има и видео спот.

Дали има список на песни?

Да, има! Плус, потврдени се соработки со многу ѕвезди меѓу кои Ариана Гранде и Блек Пинк.

View this post on Instagram

#Chromatica ⚔️💓 #LG6

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

Кога ќе биде датумот на издавање?

Албумот требаше да биде издаден на 10 април, но Гага го одложи датумот заради коронавирусот. Таа објавила и статус во кој вели дека не е во ред сега да издаде нов албум, во време на пандемија.

Што изјавила Гага за албумот?

Таа вели дека албумот е наречен по свет “кој ги слави сите работи” каде “ниту една работа не е поголема од друга”