Со своето однесување за време на пандемија Џенифер Лопез ги налути фановите!

2 април, 2020
j lo 1

Фановите и се налутија на својата миленичка Џенифер Лопез кога испливаа нејзини најнови фотографии.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез се фотографирани за прв пат откако се повлекоа во самоизолација.

Имено, парот се упатил кон локалната теретана.

Телохранителите на Лопез носеле маски и претходно ги бришеле сите кваки и површини кои се допираат. Иако на теретаната стои знак дека е затворена, се чини дека тоа не важи за славните личности како што е Џенифер Лопез. 

Малку е да се каже дека нејзините фанови се лути.

Срамота“, “Значи, со пари сè се купува“, “Мислиш ли дека баш сè е за продажба?”-ова се само некои од коментарите упатени кон дивата и нејзиниот партнер. .