Софија Ричи направи тетоважа веднаш по раскинувањето со Скот: Дали тоа има некаква врска со него?

5 декември, 2020
sofia-richie-models-another-string-bikini


Софија Ричи на Инстаграм се пофали со новата тетоважа што реши да ја направи по раскинувањето со Скот Дисик, а за тоа е одговорен нејзиниот татко Лионел Ричи.


Младата манекенка и ќерка на музичарот Лионел Ричи, 22-годишната Софија Ричи се врати дома по сончевиот одмор што го помина на Бахамите, а набргу потоа се пофали со нов детал на своето прекрасно тело.


Софија реши да го украси своето тело со тетоважа што ја истетовира на задниот дел од главата, а се работи за зборот Птица.

„Мојот прекар напишан со ракописот на тато“, напиша Софија заедно со црно-белата фотографија што ја сподели со обожавателите.

Софија дополнително се прослави како девојка на 37-годишниот Скот Дисик, познат и како поранешен сопруг на ријалити sвездата Кортни Кардашиан, со кого раскина пред неколку месеци и се чини дека целосно се опорави. Се чинеше дека ќе биде лесно затоа што тие не се одделуваа едни од други за време на 2-годишната врска, но таа се зафати со патувањата и фотографиите покажувајќи ги своите облини на социјалните мрежи што се чинеше дека и помагаат многу.


Ниту Скот не тагуваше долго, бидејќи веќе најде нова љубов, 19-годишната Амелија Хамлин, ќерка на славната актерска двојка Лиза Рин и Хари Хамлин.

escort - Korsan taksi