Софија Вергара им порача на жените: „Тој е само мој!“

18 јуни, 2020
lk,l

Актерската двојка Софија Вергара и Џо Манганиело славеа шест години од нивната љубов. Во таа пригода, колумбиската убавица на свотот Инстаграм профил сподели слика од романтична вечера, подготвена од нејзиниот син Манол и внука Клаудија. Дваесет и седумгодишниот наследник на Софија реши да ги изненади мајка си и очувот и да им обезбеди убава атмосфера како дел од нивната годишнина, иако се во карантин.


„Шест години откако ме најде. Среќна годишнина Џо. Ти си само мој“ – напиша Софија.

Џо Манганиело и Софија Вергара се запознаа во јули 2014 година, а по само една година врска, нивната љубов ја крунисаа со брак. Посилната половина на оваа славна двојка, во неколку наврати изјави дека веднаш се заљубил во Софија, кога се запознале во Белата куќа. Исто така, признал дека ја следел цела ноќ, сè додека нејзината колешка Џеси Тајлер Фегусон не ги запознала.

View this post on Instagram

HAPPY VALENTINES DAY MY LOVE!!!

A post shared by JOE MANGANIELLO (@joemanganiello) on