Сопругата на Роби Вилијамс се жали на брачните обврски

8 септември, 2020
robi wilijams so soprugata

Сопругата на Роби Вилијамс открила дека е приморана да му го бричи грбот на својот сопруг. Таа (41) ја презеде оваа задача затоа што тоа го бараат „брачните должности“ и ги импресионираше сите со тоа колку е посветена на тоа. Таа неодамна призна:

“Прво го бричам во када но користам и восок. Ме тера да го сторам тоа што е можно подлабоко. Тоа е прилично трагично. Одлучив да го сторам тоа како сопруга. Роби има неверојатно влакнест грб. Тој ме тера да ги тргнам влакната од неговиот грб”

Роби (46) вели дека медицинските лица му рекле дека има тестостерон на 99-годишен маж што довело до тоа да мора да зема хормони. Двојката која очигледно е во многу стабилна врска е заедно од 2006 година. Сепак Роби неодамна призна дека ја напуштил сопругата неколку пати пред да се венчаат.

Тој инсистираше на тоа дека не сака да биде врзан или да има деца, па ја остави својата поубава половина користејќи „сомнителни“ методи.

Но, Аида беше премногу „заљубена“ во Роби и не сакаше толку лесно да се откаже од нивната врска. И сега таа заврши со тоа што мора редовно да му го бричи грбот!