Сопругата на Том Хенкс откри како се заразиле од Корона вирусот и кои се симптомите што ги почувствувале

15 април, 20200
tom-henks-rita-vilson

Рита Вилсон откри како таа и нејзиниот сопруг Том Хенкс го добиле корона вирусот и кои симптоми ги чувствувале.

Вилсон објаснува како на неа и на Хенкс им било кажано дека биле изложени на вирус од иста личност во исто време, но дека не знаеле каде или кога се случило затоа што ниту еден од нивните блиски контакти, соработници или семејство не  е позитивен овој вирус.

„Австралиските лекари ни кажаа дека веруваат дека сме се заразиле во Америка или за време на патувањето во Австралија, каде што Хенкс снимаше филм, а јас имав турнеја за промоција на мојот нов албум“, вели Рита.

Рита објаснува дека се чувствувала многу уморно, непријатно и не можела да поднесе некој да ја допира. Го изгубила чувството за мирис и вкус. За разлика од Рита, Хенкс немал толку изразени симптоми.

Откако поминале 14 дена во австралиска болница, парот бил пренесен во САД, каде ја продолжиле својата изолација се додека не се почувствувале целосно здрави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi