Сопругата на Вил Смит ја призна својата афера, а сега нејзиниот сопруг го позврзуваат со Маргот Роби!

11 јули, 20200
will

Вил Смит и неговата сопруга Јада Пинкетт се во центарот на вниманието по аферата што ја имаше Јада со 21 година помладиот пејач Август Алсин.

Двојката најпрво негираше сè, но потоа Јада потврди, во своето шоу „Red Table Talk“, во кое таа беше домаќин на својот сопруг Вил, дека има повеќемесечна афера со младата пејачка.

Двојката истакна дека аферата се случила кога нивниот брак бил во криза.

Иако со години се шпекулира дека семејството Смит имаат отворен брак, оваа исповед ги шокираше сите и започна нови гласини. Имено, корисниците на социјалните медиуми тврдат дека Вил го прифатил сето ова затоа што тој имал афера и со неговата колешка Маргот Роби, со кого глумеше во Focus и Suicide Squad.

За време на нивниот искрен разговор, Вил се шегуваше дека сака да се одмазди.

„Не сакам сам да поминувам низ ова. Ќе ти наплатам за ова.“, рече тој.

„Мислам дека сме на чисто и од таа страна“, одговори Јада и многумина веруваат таа мислеше за аферата на Вил со Маргот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi