Спој на уметничките души: Адел и Бредли Купер во љубовна врска?

3 ноември, 2020
BeFunky-collage


Откако се разведе од поранешниот сопруг Симон Конеки минатата година, 33-годишната британска пејачка Адел се посвети на вежбање и здрава диета со помош на која успеа да изгуби над 40 килограми и да се трансформира од „дебела“ во „згодна“. Магазинот „Нова идеја“ пишува дека нејзиниот нов изглед не го пропуштил 45-годишниот оскаровец Бредли Купер, кој е соло откако минатата година ја раскина врската со рускиот модел Ирина Шајк. Тој, наводно, бил запознаен со Адел од заедничката пријателка Лејди Гага, а веќе на првата средба меѓу двајцата уметници се појавила „искра“ и тие започнале страсна врска.

Bradley Cooper


Иако се шпекулираше дека авторот на хитот ‘Rolling in the Deep’ е во романтична врска со темнокожниот британски рапер Скепт, со кого е добра пријателка многу години, Адел минатиот викенд, откако за прв пат беше во улога на водител на шоуто „Saturday NIght Live“, таа во својот пост на Инстаграм јасно стави до знаење дека се уште е соло, но можно е да не е подготвена да открие дека е во врска со вездата на филмот „Мамурлак“. ‘ Добро упатен извор тврди дека токму за тоа станува збор и објаснува како пејачката ја стекнала самодовербата што и била потребна за „повторно да најде љубов и да влезе во врска“ со трансформација на својата линија.


И покрај овие „инсајдерски“ информации, сè уште нема официјална потврда за нивната врска. Порталот „Госип“ стапи во контакт со блиските пријатели на Адел, но тие тврдат дека пејачката и актерот не се во врска.