СРАМНО! Меган Маркл му се заканува на Хари дека ќе го остави ако не го направи тоа што она го сака!

12 април, 20200
megan

Меган Маркл, која во 2018 година се омажи за три години помладиот британски принц Хари, е „под будното око“ на медиумите кои го следат секој нивни потег во јавноста. Брачниот пар оваа година привлече уште поголемо медиумско внимание, кога јавно ја пренесоа шокантната одлука да се откажат од кралската титула, да го напуштат кралското семејство и да бараат среќа на друг континент. Сепак, се чини дека нивниот нов живот е помалку хаотичен.

Поточно, годините си поминуваат, а и младиот принц започнува да покажува ген на опаѓање на косата, што воопшто не и е пријатно на неговата привлечна сопруга, па таа за него постави ултиматум: тој ќе користи третман за пресадување на косата, или таа заминува.

Mедиумите јавуваат дека Меган се вознемирила од косата на нејзиниот сопруг, која што започнала да паѓа двојно побрзо во последните месеци. Американката наводно се исплашила дека нејзината коса ќе има иста судбина како и на неговиот постар брат Вилијам, кој изгуби многу коса на краток рок.

„Водејќи се од социјално наметнати идеали за убавина, Меган очајно се надева дека нејзиниот сопруг нема да заврши како Вилијам“, изјави извор, додека сите го осудија ваквото однесување и го нарекоа застрашувачко и срамно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi