Супермодел во топ форма: Хелена Кристенсен изгледа неверојатно!
Нејзината класична убавина продолжува да постои, а тому поради убавината, таа продолжува да добива бројни ангажмани во светот на модата. Поради вирусот во моментот не е во можност да изведува професионално снимање низ целиот свет. Затоа данската убавица одлучи да направи фотографии сама во нејзиниот стан, а нејзините нови фотки, на кои се појавува и нејзиниот син, израдуваа скоро 700.000 следбеници на Инстаграм.
Статусот на супермодел, кој повеќе од заслужено, заедно со Наоми Кембел, Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Линда Евангелист и Кристи Тарлингтон, го носеше Хелена Кристенсен во 90-тите години, продолжува да важи и денес, а подолу ќе видите зошто.
Оваа 51-годишна убавица, со неверојатни зелени очи, сè уште е во врвна форма, поради што таа е сè уште ангажирана од страна на модни дизајнери за своите кампањи. Но, поради сегашната пандемија, многу од нив беа одложени, но Хелена Кристенсен реши да си игра со модата сама, избрајќи комбинации со потписот на дизајнерот Стела Мекартни.
Фотографиите, во кои беа вклучени нејзиниот 20-годишен син Мингус и пријателката Камила Старк, која е заслужна за истите, ги сподели со нејзините 700.000 следбеници на Инстаграм.
Убавата Хелена во моментов е во изолација, и откри дека тоа време ќе го искористи за да работи со својата пријателка Камила Старк на нејзината колекција. Компанијата е именувана по нејзиниот син Мингус, кој го доби со актерот Норман Редус.