Таа беше со него и во добро и во зло: Љубовната приказна на Меси и Антонела е сосема поинаква од се што сте чуле досега!

3 ноември, 2020
меси

Кога ќе кажеме жена на фудбалер, првата асоцијација се обично негувани девојки кои се сретнале со мега-успешни спортисти во некој ноќен клуб.

Но, една се разликува и се издвојува од другите по сè.
Во 2017 година, Антонела Роко Меси го рече судбоносно да на светски познатиот фудбалер Лионел Меси, а нивната љубовна приказна датира од детството. Имено, Антонела и Меси практично пораснаа заедно – Меси се дружеше со братот на Антонела, а како што призна и самиот, најмногу затоа што можеше почесто да ја гледа.

Убавата Антонела беше срамежлива девојка, па не влезе во врска со Меси сè до нејзините средношколски денови. Кога Лионел реши да се пресели во Барселона и да се обиде таму да започне спортска кариера, Антонела беше шокирана – таа не сфати дека тој всушност може да го напушти родниот Росарио во Аргентина, каде што пораснаа заедно и каде се роди нивната љубов. Некои извори тврдат дека уште на девет годишна возраст, тaa сакалa да стане негова сопруга, па затоа често му пишувала љубовни писма. За разлика од другите фудбалери, Меси никогаш не бил заводник и не менувал девојки, а Антонела е првата и единствената жена во неговиот живот.

View this post on Instagram

💗

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

Потоа, во 2007 година, Антонела имаше смртен случај, и тоа беше исклучително тешко за да го поднесе, па Меси веднаш долета во Росарио за да ја утеши. Тогаш сфати дека тој ја сака исто како што и таа него, па реши да се запише на колеџ во Барселона и да се пресели кај него.

Антонела студирала стоматологија, од која се откажа за да се запише на студии по комуникологија. Ниту тоа не и одеше, па конечно се одлучи за манекенската кариера.

Нивната љубовна приказна беше крунисана во 2012 година кога го добија првиот син Тијаго, а три години подоцна се роди Матео. Во 2018 година се роди третиот син. Интересно е и тоа што Меси и Антонела се венчаа во 2017 година во родното Росарио во Аргентина. Прекрасната венчавка ја воодушеви аргентинската и светската јавност, а скромната невеста, со едноставна шминка и фустан и опуштена фризура, веднаш ја купи јавноста.

Секој што ја познава Антонела вели дека таа сепак е скромна девојка од Росарио, иако сега има милиони следбеници на социјалните мрежи и колку што сака пари. Антонела поради Меси мораше да се откаже од многу работи, да ја остави кариерата на страна и да се посвети на семејниот живот. Никогаш не и било тешко, бидејќи нивната љубов е толку голема, и таа е тука за него, во добро и во лошо, велат нивните пријатели.