Таа доживеа уште еден ШОК веднаш по смртта на нејзиниот сопруг – На вдовицата на Конери и се заканува затвор!?

10 ноември, 2020
шоннн

Џејсон Конери, синот на Шон, откри дека неговиот татко починал мирно, во сон. А за неговата сопруга последниве денови и се многу хаотични.

Пепелта на Шон Конери ќе се истури во неговата сакана родна Шкотска и на Бахамите каде што тој долго живееше и каде што почина. Тоа го изјави неговата вдовица Мишелин Рокебрун (91) која што била последната желба на легендарниот Џејмс Бонд, актер кој го сакаат сите генерации. Мишелин, која е во брак со Конери 40 години, сигурно има намера да го испочитува она што го сакаше Конери.

Штом ќе стане возможно заради пандемијата, да се патува нормално и безбедно, нашата намера е да се вратиме со него во Шкотска и да организираме комеморација за сите оние кои сакаат да дојдат. Во моментов, не можеме да бидеме сигурни кога ќе биде тоа – објасни Мишелин Рокебрун.

Шон беше „болен некое време“ пред да почине на Бахамите, неодамна откри неговиот син Џејсон Конери. Тој сподели детали за последните денови од животот на неговиот татко за време на интервјуто на Би-Би-Си.

Тој рече дека неговиот татко починал мирно, во сон, опкружен со најблиските. Оддавајќи му почит на својот татко и филмската sвезда, Џејсон рече дека неговата смрт е „тажна загуба за многу луѓе ширум светот“.

Интересно е дека смртта на големиот актер не ја фрли во сенка даночната измама на неговата сопруга, напротив. Мишелин Рокебрун негира било каква вмешаност во даночната измама од 27 милиони долари околу продажбата на куќата. Шпанските власти предупредија дека имаат намера да ја известат Мишелин за обвинението за да може да се одржи судење, а обвинителите посочуваат на „недостаток на соработка“ со властите на Бахамите.

На Конери, кој веше во брак со Мишелин 45 години, во 2014 година му беше кажано дека нема да мора да му се суди заради продажбата на нивниот дом во 1999 година. Имено, нивната куќа е срушена и изградени се дури 70 станови на црно, и покрај урбанистичките правила во кои пишува дека може да се изградат само пет.

Адвокатите на актерот, градоначалникот, Марбел и шест советници завршија во притвор за оваа измама. Судијата заклучи дека на Мишелин, родена во Франција, треба да и се суди и дека и се заканува затворска казна, како и голема парична казна доколку биде прогласена за виновна за даночна измама. Вдовицата на Шон овие обвинувањата ги нарече „глупост“.