Имала само 80 долари на својата сметка и го потрошила последниот цент на сет фотографии на аудиција за улога што ѝ го промени животот од корен

6 септември, 2020
download

Џенифер Анистон за малку ќе се откажеше од својата актерска кариера, но потоа ја доби улогата на цел живот. Денес, таа е една од најпопуларните актерки во Холивуд.

Џенифер Анистон е една од најпопуларните и најплатените холивудски актерки денес, но тоа не било секогаш така. 51-годишната Анистон имала само 80 американски долари на својата сметка пред да се реши на аудиција за улогата на Рејчел Грин во серијата „Пријатели“ во 1994 година.

Таа одлучи да го потроши последниот цент на сет фотографии за да се пријави на аудиција за култниот ситком. Во тоа време работела како келнерка во Лос Анџелес, но никогаш не се откажала од големите соништа и освојувањето на Холивуд. За среќа, тие 80 долари и го сменија животот засекогаш.

Анистон неколку пати призна дека е на работ да се откаже и скоро го напушти Лос Анџелес затоа што не и оди добро во бизнисот, но не се откажа. Таа рече дека не може да добие улога во реклами, а камоли во филм или серија. “Бев келнерка две и пол години, а работев и како продавач на сладолед. Отидов на бројни аудиции, но ништо не ми одеше”, изјави Џенифер, која денес има богатство проценето на околу 300 милиони долари.

Првично, таа заработуваше околу 20 000 УСД по епизода, а до крајот на 10-та сезона на „Пријатели“, заработуваше неверојатни 1 милион УСД по епизода. Иако серијата заврши со снимање пред 16 години, Анистон и колегите добиваат околу 20 милиони американски долари годишно за авторско право за повторното издавање на сериите ширум светот.

Улогата на Рејчел Грин фундаментално ја смени нејзината кариера и ја донесе на врвот. Џенифер и нејзините колеги Метју Пери, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Лебланк потврдија дека повторно ќе се обединат за да снимаат специјални епизоди од една од најпопуларните серии досега.