Таа не молчи на хејтерите! Новата девојка на Бред Пит одговори зошто ја мрази Анџелина!

16 септември, 2020
никол андџи

„Практикувај го она што го проповедаш, девојче“, ја нападна следбеникот на Инстаграм.

Никол Потуралски (27) е новата девојка на Бред Пит (56), првата официјална по четири години од кога раскина со Анџелина Џоли.

Убавата Германка е активна на Инстаграм, каде, иако е во врска со еден од најголемите заводници во светот, таа сепак комуницира директно со луѓето и, како што изгледа, нема да молчи за ничии провокации.

Имено, Никол објави фотографија за која напиша коментар: „Среќните луѓе не мразат“.

Еден следбеник праша: “Тогаш, зошто ти и Бред ја мразите Анџелина? Вежбај го она што го проповедаш, девојче”. Не требаше долго за убавата Никол да одговори.

„Не мразам никого“, напиша таа.

Да потсетиме, врската на Никол со Бред беше објавена на 25 август, кога тие беа фотографирани по пристигнувањето во Франција, во Ле Кастелет. Се верува дека тогаш актерот ја однел својата нова девојка во „Шато Миравал“, имот што го купил во 2011 година за 67 милиони долари со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

Која е Никол Потуралски?

Родена е во Германија, има 27 години, а на веб-страницата на агенцијата во која работи, „А менаџмент“, таа е претставена под името Нико Мери. Таа е природна бринета, има сини очи, висока е 178 сантиметри.

Таа сакаше да биде морски биолог, пред да ја забележи еден од ловците на модели во Дизниленд, Париз, на 13-годишна возраст.

Убавицата живее помеѓу Лос Анџелес и Берлин, а има и син Емил кого го обожава.

Никол зборува на пет јазици и основала организација за помош на ајкули.

Кога еднаш ја прашаа каква суперсила би сакала да има, таа рече:

– Да патувам низ времето, за да можам да ги посетам сите големи историски настани, вклучувајќи ја и иднината.

Да потсетиме, според светските медиуми, Бред ја однел Никол во „Шато Миравал“, имот што го купи во 2011 година за 67 милиони долари со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.